Со кредит од пет години не може да се инвестира

Bez autora
Nov 12 2013

Пониски камати и долгорочни кредити за капитални инвестиции се клучните барања на компаниите што вчера во Стопанската комора му беа предочени на гувернерот на Народната банката на Република Македонија, Димитар Богов. Според бизнисмените, речиси е невозможно со краткорочни заеми до пет или седум години да се градат хали, погони, машински паркови. Ако сте притиснати да го вратите кредитот за максимум седум години, ќе ја изгубите флексибилноста, кеш портфолиото, обртните средства. Сте вложиле, но инвестицијата ќе почне да ви се исплаќа дури кога ќе го вратите кредитот, по седум години, а дотогаш ќе застари технологијата. Ако кредитот оптоварува на пократок рок повеќе отколку што компанијата може да издржи, тогаш не е добар. Ќе биде исплатен, но развојот на бизнисот нема да е според предвиденото.

Со кредит од пет години не може да се инвестираПониски камати и долгорочни кредити за капитални инвестиции се клучните барања на компаниите што вчера во Стопанската комора му беа предочени на гувернерот на Народната банката на Република Македонија, Димитар Богов.

Според бизнисмените, речиси е невозможно со краткорочни заеми до пет или седум години да се градат хали, погони, машински паркови.

- Ако сте притиснати да го вратите кредитот за максимум седум години, ќе ја изгубите флексибилноста, кеш портфолиото, обртните средства. Сте вложиле, но инвестицијата ќе почне да ви се исплаќа дури кога ќе го вратите кредитот, по седум години, а дотогаш ќе застари технологијата - рече стопанственикот Горан Рафајловски.

Ако кредитот оптоварува на пократок рок повеќе отколку што компанијата може да издржи, тогаш, истакна Рафајловски, не е добар. Ќе биде исплатен, но развојот на бизнисот нема да е според предвиденото.

Освен каматите, како што нагласи бизнисменот Шефки Алити, на фирмите голем проблем им се и високите провизии.

- Во однос на соседните држави, Kосово, Бугарија и Албанија, имаме највисоки каматни стапки за кредитите, но и највисоки провизии. Народната банка треба да дејствува кај банките да ги ревидираат каматите и провизиите за да живнат малите и средните претпријатија - посочи Алити.

Од кредитот вреден 100.000 евра што го зел, плаќа, како што истакна, 28.000 евра камата, а провизиите се секојдневни во прометот.

Гувернерот подвлече дека намалувањето на каматите е можно само ако се намали цената на изворите на финансирање на банките.

- Kаматните стапки што моментно ги нудат банките се историски најниски, околу седум отсто, но во споредба со другите земји, бројката е повисока. Во овој сегмент многу важен фактор се изворите на средства што банките ги користат. Ако тие обезбедуваат пари со пониски камати, така и ќе ги пласираат - истакна Богов.

Тој оцени дека обезбедувањето долгорочни кредити е комплексно прашање за кое клучна улога треба да имаат развојните банки.

Економски раст од 3,7 отсто, инфлација до максимум 2,3 процента, намалување на трговскиот дефицит, зголемување на девизните резерви, на странските побарувања и на директните инвестиции, се предвидувањата на НБРМ за в година. Банката е резервирана за евентуалното зголемување на кредитниот раст.

Според Богов, најсигурно е компаниите при креирањето на бизнис-плановите да ги следат проекциите на Централната банка или да го земат предвид просекот од предвидувањата на НБРМ и на меѓународните релевантни институции.

- Ние работиме со наш модел, конкретен, многу подетален од оној што го користи Европа, кој веројатно е регионален - рече гувернерот Богов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik